gaza deca

31.10.2023 Скопје

Кетрин Расел, извршната директорка на УНИЦЕФ, изјави дека во Газа секојдневно се убиваат или повредуваат над 420 деца.

„Вистинската цена на оваа последна ескалација ќе се мери со животите на децата“, рече Расел на вонредната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации во врска со хуманитарната ситуација во Газа.

Таа додаде дека најмалку 37 деца наводно биле убиени на Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим.

Состојбата се влошува од час во час.

„Без прекин на непријателствата, се плашам за судбината на децата во регионот“, изјави Расел.

Таа го повика Советот за безбедност веднаш да усвои резолуција со која се повикува на прекин на огнот, барајќи од страните да обезбедат безбеден и непречен пристап до хуманитарна помош и барајќи итно безбедно ослободување на сите киднапирани деца.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author