20.10.2023 Скопје
Тоа беше навестено, сега е официјално. УЕФА ги донесе единствените две можни логични одлуки. Под број еден: забрани европски натпревари да се играат во Израел до понатамошно известување. И под два: реши да го признае резултатот од полувремето меѓу Белгија и Шведска, прекинат поради терористички напад и убиство на двајца гостински навивачи во Брисел, како конечен.
Што се однесува до израелските клубови, тие исто така беа свесни дека немаат друг избор, дека ќе мора да заминат во привремен егзил. Се претпоставува на Кипар, од чие здружение веќе е побарана дозвола за Макаби Хаифа и Макаби Тел Авив.
Останатите натпревари Хаифа против Виљареал и Макабија против Зорја ќе се играат на 6 декември, односно 25 ноември. Макаби Хаифа, пак, одби учество во младинската Лига на шампиони, па Спарта Прага ќе продолжи без борба.
Подготвено од М.Д.