podgorica tuneli

13.10.2023 Скопје

Шефот на Основното државно обвинителство во Подгорица, Душко Милановиќ, изјави дека четири лица кои се поврзани со грабежот на депото на Вишиот суд во Подгорица се уапсени по распитот.

По наредба на Основното државно обвинителство, во текот на вчерашниот ден е уапсена Катарина Баќовиќ од Подгорица под сомнение дека била дел од криминална група која ископала тунел до депото на Вишиот суд во Подгорица.

Претходно, против група српски државјани Вељко Марковиќ, Милан Марковиќ, Дејан Јовановиќ и Владимир Ериќ е поднесена кривична пријава за злосторничко здружување, тешка кражба и спречување докази за соучесништво. Осомничени се дека ископале тунел долг 30 метри до депото на Вишиот суд во Подгорица, а по нив е распишана потерница.

Тунелот од станот во улицата Његошева до депото на Вишиот суд во Подгорица беше откриен на 11 септември, а пред неколку дена повторно беше бетониран.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author