25.10.2023 Скопје
Шпанската полиција го уапси Мустафа Амаја (59), роден во Белгија, кој е осомничен за величење на тероризмот и џихад, како и за регрутирање на нови џихадисти.
Тој, наводно, бил уапсен оваа недела во шпанската енклава Мелила во Северна Африка. Познат по создавањето на „една од најголемите мрежи за регрутирање и испраќање радикали да се приклучат на организации“.
Амаја беше уапсен во 2014 година и осуден на осум години затвор во 2018 година за регрутирање на најмалку 28 луѓе од различни земји за да им се придружат на џихадистичките групи, вклучувајќи ги Ал Каеда и Исламската држава.
Тој беше ослободен во 2022 година, пред повторно да биде уапсен оваа недела.
Се вели дека ова е втора операција против радикалниот исламизам спроведена од полицијата за само една недела и се совпаѓа со одлуката на Министерството за внатрешни работи да ја зголеми антитерористичката тревога во земјата поради војната во Газа и неодамнешните џихадистички напади во Франција и Белгија.
Подготвено од А.Ѓ.