tramp vo sudnica se izjasnil kako nevin

21.10.2023 Скопје

Судот во Њујорк го казни поранешниот американски претседател Доналд Трамп со 5.000 долари поради објавување „злобни коментари за судски службеник“ на социјалните мрежи.

Судијата Артур Енгорон претходно на сослушувањето рече дека објавата на Трамп на социјалните мрежи со злобниот коментар за судски службеник останала видлива на страницата на кампањата две недели откако судот нареди да се отстрани.

Трамп е еден од водечките кандидати за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во Америка следната година.

На почетокот на октомври Трамп на својот профил „Вистина“ објави фотографија од судски службеник со лидерот на демократското мнозинство Чак Шумер.

Трамп потоа во описот на фотографијата напиша дека е пријателка на пратеникот.

Американските медиуми јавуваат дека објавата била зачувана на страницата на кампањата на Трамп, каде останала 17 дена и дека била отстранета откако судот ја посочил.

Адвокатите на Трамп тврдат дека чувањето на фотографијата не било намерно.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author