10.10.2023 Скопје

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека актуелниот претседател Џо Бајден „го предал Израел“, додавајќи дека израелско-палестинската војна е последниот конфликт што избувна за време на администрацијата на Бајден.

„Не можам да замислам како некој кој е Евреин или некој што го сака Израел гласал за демократ, а камоли за овој човек. Корумпираниот Џо Бајден го предизвика овој проблем“, рекол Трамп на митинг во Њу Хемпшир.

Тој додаде дека пред неполни четири години имаше мир на Блискиот Исток, но денес има војна во Израел.

Според него, израелско-палестинскиот конфликт сигурно „ќе се прошири многу брзо“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *