13.10.2023 Скопје
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека евакуацијата на ранливите пациенти од болниците во Газа ќе биде „смртна казна“.
СЗО соопшти дека локалните здравствени власти во Газа ја информирале дека е невозможно да се евакуираат ранливите болнички пациенти.
„Има тешко болни луѓе чии повреди значат единствена шанса за преживување е да бидат на апарати за одржување во живот, како што се механички вентилатори. Преместувањето на тие луѓе е смртна казна. Да се бара од здравствените работници да го сторат тоа е над сурово“, рече портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ.
Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека болниците во Газа се на „пресвртна точка“ и апелираше до Израел да се предомисли.
Подготвено од А.Ѓ.