03.10.2023 Скопје
Светската здравствена организација (СЗО) издаде препорака за употреба на втора вакцина против маларија со цел сузбивање на оваа смртоносна болест што ја пренесуваат комарците на луѓето.
„Пред речиси точно две години, СЗО препорача широка употреба на првата вакцина против маларија позната како RTS,S. Денес со големо задоволство можам да објавам дека СЗО препорачува и втора вакцина наречена R21/Matrix-M за превенција од маларија кај деца од ризични групи“, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на брифинг во Женева.
Вакцината R21/MatrikS-M, развиена од научници од британскиот универзитет во Оксфорд, ќе биде претставена во некои африкански земји на почетокот на 2024 година, а во други земји ќе биде достапна во средината на следната година, потврди директорот на СЗО, додавајќи таа една доза ќе чини меѓу два и четири долари.
Подготвено од А.Ѓ.