03.10.2023 Скопје
Врховниот суд на САД го отфрли случајот со кој се бара дисквалификација на Доналд Трамп од претседателските избори во 2024 година, врз основа на уставната одредба која забранува секој што „учествувал во бунт“ да извршува јавна функција.
Судиите ја отфрлија жалбата на Џон Ентони Кастро, даночен консултант од Тексас, кој побара во рамките на 14-тиот амандман на американскиот Устав Трамп да биде дисквалификуван како кандидат за претседателска номинација на Републиканската партија.
Во својата тужба, Кастро изјавил дека со своите постапки за време на немирите и нападот на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година, Трамп учествувал во бунт со своите поддржувачи.
Подготвено од А.Ѓ.