tovaren brod

24.10.2023 Скопје

Неколку лица се водат како исчезнати по судирот на два товарни брода во близина на германскиот остров Хелиголанд во Северното Море, соопшти централната команда за вонредни ситуации на море.

Во соопштението се наведува дека бродовите „Полези“ и „Верити“ рано утринава се судриле на околу 22 километри југозападно од Хелиголанд, што најверојатно довело до потонување на „Верити“.

Од командата посочуваат дека едно лице е спасено, додека неколку од нив се водат како исчезнати.

Покрај другите пловни објекти, во спасувачката операција учествуваат и спасувачки крстосувач и полициски чамци, како и сензорски авион и хеликоптер.

Подготвено од М.Д.

About Author