stiv skalis

12.10.2023 Скопје

Републиканците во Претставничкиот дом на САД го предложија Стив Скалис за нов спикер, по минатонеделното разрешување на Кевин Мекарти.

Скалис победи на партиското гласање зад затворени врати. Во конкуренција, претседателот на Комитетот за правосудство, Џим Џордан, Скалис доби 113 гласа наспроти 99 на Џордан на тајно гласање.

За да стане нов спикер, Скалис мора да ја добие мнозинската поддршка од Претставничкиот дом, кој републиканците го контролираат со тесно мнозинство.

„Работиме напорно за да постигнеме единство. Мораме да се обединиме бидејќи светот не чека. Очигледно, имаме уште работа“, изјави Скалис за новинарите во Конгресот.

Тој најави дека неговиот прв чекор како претседавач ќе биде да закаже гласање за резолуција со која јасно ќе се стави до знаење дека САД стојат со Израел во неговата војна со палестинскиот Хамас.

Скалис досега беше лидер на републиканското мнозинство во Долниот дом на Конгресот. Пратеникот од Њу Орлеанс беше тешко ранет во 2017 година, кога беше застрелан од вооружен маж незадоволен од тогашниот претседател Доналд Трамп.

Минатата недела, Претставничкиот дом гласаше за смена на Кевин Мекарти, првпат во историјата Конгресот да гласа за смена на претседател. Според Уставот на САД, претседателот на Претставничкиот дом е втор по претседателската функција, по американскиот потпретседател.

Подготвено од М.Д.

About Author