zhena vo menopauza

26.10.2023 Скопје

Некои лекари сметаат дека предвремената менопауза е под влијание на осиромашениот ураниум, со кој е бомбардирана Србија во 1999 година.

Дали е вистина дека жените кои премногу се здебелуваат или имаат послаб имунитет често треба само да го регулираат својот хормонален дисбаланс?

Зошто се повеќе жени рано влегуваат во менопауза – пред 40-тата година од животот?

Д-р Јелица Бјекиќ Мацут, ендокринолог, истакна дека секоја жена, девојка, се раѓа со голем број фоликули, но мал број созреваат во текот на животот.

„Зошто менопаузата настанува порано? Затоа што на неа влијаат бројни фактори, пред се факторите на околината, начинот на живот, исхраната, а не можеме и не смее да се заборави генетиката“, објасни д-р Бјекиќ Мацут.

Докторката истакна дека за оваа состојба постои терапија.

„Се обидуваме некако да се опоравиме и да го освежиме телото со давање на таа хормонска замена. Најголема контраиндикација за хормонална замена е тромбозата“, додаде докторката.

Дали прераната менопауза навистина е ефект од бомбардирањето, или подобро кажано, осиромашен ураниум?

„Да ви кажам, сега е тешко да се каже, бидејќи тоа не се случува само во Србија. Значи, тоа се случува и во други земји во Европа и светот“, истакна Бјекиќ Мацут.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author