02.10.2023 Скопје
Петар Петковиќ, директор на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово, изјави дека властите во Србија не бараат од мисијата на НАТО КФОР и Мисијата на Европската Унија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС) „да застане на српска страна“.
„Бараме само да бидат објективни, да бидат неутрални“, рече Петковиќ на прес-конференцијата во Белград, што ја закажа во врска со настаните во Бањска, во Звечан на северот на Косово, од 24 септември.
Косовската полиција на 24 септември беше нападната од вооружена група Срби во селото Бањска во општина Звечан, кога беше убиен полицаецот Африм Буњаку.
По нападот од заседа на полициската патрола, српските напаѓачи се засолниле во манастир во селото, од каде продолжиле со пресметката со полицијата. Тројца од нив беа убиени.
Петковиќ истакна дека не добил одговор од ЕУЛЕКС на неговото, како што наведе, второ писмо во врска со деталите од обдукцијата на тројцата Срби.
„Клучно е прашањето за обдукцијата“, рече Петковиќ.
Тој изјави дека на ЕУЛЕКС „бил одбиен“ да учествува во истрагата заедно со косовската полиција во теренската потрага и дека се уште не добил одговор на тоа прашање.
Петковиќ ја обвини косовската полиција дека ги прикрила доказите за тоа како беа убиени српските напаѓачи во Бањска на 24 септември.
На 28 септември ЕУЛЕКС ги демантираше тврдењата на српските власти дека не им било дозволено да учествува во полициската акција на 24 септември во Бањска, откако беше нападната косовската полиција.
Подготвено од А.Ѓ.