16.10.2023 Скопје
Сингапур го забрани пушењето цигари на јавни места од 2013 до 2017 година. Група истражувачи го оценија влијанието на оваа мерка врз бројот на срцеви удари и посочуваат дека тој број е намален по донесувањето на мерката.
Истражувачите пресметаа дека доколку не била донесена мерката, би се случиле дополнителни 19.591 срцев удар кај лицата постари од 65 години и 1.325 кај оние помлади од 95 години.
Анализата покажува дека најголемата поволност од мерката имаа постарите жители и мажите.
Истражувањата спроведени низ светот покажаа дека мерките за забрани за пушење го намалуваат ризикот од срцев удар за просечно 13 отсто.
Според Светската здравствена организација, пушењето цигари убива над 8 милиони луѓе годишно во светот. Околу 1,3 милиони од овие смртни случаи се на непушачи кои се изложени на чад од цигари.
Бутан е првата земјата во светот што ја забрани продажбата на тутун, воедно го забрани и пушењето на јавни места во 2004 година. Во 2010 година, оваа држава ја забрани продажбата на цигари и со тоа почна тренд на ограничувања на консумацијата на цигари во многу земји.
Подготвено од А.Ѓ.