12.10.2023 Скопје
Ски купот започнува во ноември, а премиера на натпреварувањето ќе биде спустот во Матерхорн, на спектакуларна патека која минува низ две држави.
Стартот е во Швајцарија, а финишот во Италија. Матерхорн исто така беше на распоредот минатата сезона, но неповолните временски услови не дозволија трката.
Ќе се одржат две машки спуштања, а викендот после тоа ќе се одржи скијање за жени. Деновиве беа направени првите тестови со швајцарската Б репрезентација, а скокот ќе биде еден од најголемите на Светското првенство. На тренинг се леташе до 50 метри, а на трките ќе биде 20 метри повеќе, тврди тренерот Франц Хајнцер.
Стартот се наоѓа на 3.800 метри надморска височина.
„Иако со годините стекнав големо искуство, не е лесно да се пресмета растојанието и воздушната положба на скијачот. Затоа бев особено напнат пред првиот скок. Скокот функционира совршено“, додаде тој.
View this post on Instagram
Подготвено од А.Ѓ.