17.10.2023 Скопје
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека логично е Република Северна Македонија да соработува со ЕУ на граница бидејќи мигрантите патуваат од Грција, држава која е членка на ЕУ, низ земја која не е членка на ЕУ, а потоа повторно влегуваат во земји кои се дел од Европската унија.
„Република Северна Македонија се наоѓа на многу посебна географска положба. Мигрантите патуваат од Грција, ЕУ држава, низ земја која не е членка на ЕУ, а потоа повторно влегуваат во ЕУ. Ова е предизвик за Северна Македонија и за Европската Унија. Затоа, логично е да соработуваме со ЕУ на граница. Патем, ова не е ништо ново за нас. Седум години соработуваме со земјите од ЕУ за управување со границите. Распоредувањето на Фронтекс е логичен развој на оваа соработка“, истакна Спасовски.
Во однос на прашањето за можен бегалски камп на ЕУ на македонска територија, Спасовски изјави: „Нашиот став е многу јасен: Во Северна Македонија не се спроведуваат процедури за азил за другите земји на ЕУ и тоа нема да се промени. Ако Северна Македонија стане дел од Европската Унија, ова може да се промени. Но, сѐ додека тоа не е така, таквите центри ќе останат исклучени”.
Подготвено од М.Д.