vakcina

27.10.2023 Скопје

Вакцината наречена „каликскока“ (Calixcoca) даде ветувачки резултати при тестирањето на животни. Оваа вакцина создава имунолошка реакција која го спречува кокаинот да стигне до мозокот, што треба да им помогне на зависниците да се излекуваат.

Доколку се одобри, ова ќе биде првата вакцина што ќе лекува зависност од кокаин во светот.

Научниците од Бразил информираат дека вакцината функционира така што го поттикнува имунолошкиот систем да создава антитела кои се врзуваат со молекулите на кокаинот во крвта и со тоа ги прават премногу големи за да влезат во мозочниот систем, каде што дрогата обично го стимулира лачењето на допаминот.

Проектот за развивање на вакцината неодамна бил награден со 500.000 евра.

Вакцината е направена со хемиски состојки во лабораторија и треба да биде поевтина за производство во споредба со повеќето вакцини и нема да треба да се чува на ниска температура.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author