obedineti nacii glasanje

19.10.2023 Скопје

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) ја отфрли резолуцијата на Бразил, со која се осудува војната меѓу Хамас и Израел и особено „грозоморните терористички напади“ на палестинската милитантна група.

Од 15 земји-членки на Советот за безбедност на ОН, 12 гласаа „ЗА“, две „ВОЗДРЖАНИ“, меѓу кои и Русија.

САД како една од петте постојани членки гласаа „ПРОТИВ“, што беше доволно резолуцијата да не биде усвоена.

Кинескиот амбасадор во Обединетите нации Џанг Џун изјави дека Кина е шокирана и разочарана што Соединетите Американски Држави ставија вето на резолуцијата за војната меѓу Израел и Хамас.

Тој рече дека во текот на 40-часовните преговори, САД не изразиле противење на Нацрт-резолуцијата и дека се очекува таа да биде усвоена.

Џанг рече дека Советот за безбедност на ОН мора да преземе мерки за да воспостави итен прекин на огнот и да ги заштити цивилите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author