banani

18.10.2023 Скопје

Во пристаништето во Антверпен царинските службеници открија повеќе од 7,7 тони кокаин сокриен во пратка со банани, чија улична вредност се проценува на 345 до 462 милиони евра, соопшти холандската полиција.

Дрогата е запленета во заедничка белгиско-холандска акција, кога цариниците по откривањето на кокаин ги известиле истражителите и обвинителите, кои решиле да ја следат дрогата надвор од пристаништето.

Како што е наведено, полициската екипа го следела камионот со дрога до Блајсвајк на југот на Холандија, на патот меѓу Ротердам и Зутермер, каде го пресретнала камионот и го уапсила 43-годишниот полски возач на камион и уште пет други лица.

Тројца осомничени се идентификувани како холандски државјани на возраст од 41, 49 и 60 години и двајца како белгиски државјани на возраст од 21 и 48 години. Полицијата најави дополнителни апсења во врска со овој случај.

Подготвено од Д.Ц.

About Author