19.10.2023 Скопје
Соединетите Американски Држави денеска воведоа санкции против 11 поединци, осум ентитети и еден брод поради нивната наводна вмешаност во развојот на иранските ракетни и беспилотни програми.
Како што соопшти американското Министерство за финансии, покрај иранските власти, санкциите се насочени и кон кинеските и хонгконгските компании и граѓани, како и бродот што плови под венецуелско знаме, за кој се верува дека бил користен за транспорт на ирански проектили доставени до владата на Венецуела.
Денеска, САД презедоа низа чекори за да сигнализираат дека поради испораката на ирански беспилотни летала во Русија, ракетната програма на Иран ќе продолжи да биде под забрана дури и откако денеска ќе истечат санкциите на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Русија во вторникот рече дека повеќе не и треба одобрение од Советот за безбедност за пренос на ракетна технологија во Иран од среда, бидејќи истекуваат санкциите на ОН, без да каже дали официјална Москва сега планира да го поддржи развојот на ракетната технологија на Иран.
Напорите на САД да ги ограничат иранските програми за ракетни и беспилотни летала доаѓаат во време на ново малтретирање од страна на официјален Вашингтон поради поддршката на официјален Техеран за Хамас, кој започна напад врз јужен Израел на 7 октомври во кој загинаа најмалку 1.300 луѓе.
Подготвено од М.Д.