17.10.2023 Скопје

Австралиската комесарка за е-безбедност денеска објави дека ја казнил платформата X (поранешен Твитер) со 386.000 долари поради тоа што не одговорила соодветно на прашањата за тоа како ја ограничува содржината на сексуална злоупотреба на деца.

„Компанијата Х јавно изјави дека борбата против сексуалната експлоатација на децата е нејзин најголем приоритет, но ова не може да биде само празен разговор. Треба да видиме дека зборовите се поткрепени со конкретни дејства“, вели австралиската комесарка за е-безбедност Џули Инман Грант.

Регулаторот на земјата тврди дека X не успеал да одговори на голем број важни прашања како што се „времето што и е потребно на платформата да одговори на извештаите за сексуална експлоатација на деца“, „мерките што ги презема X за да открие сексуална експлоатација на деца во видео во живо“, како што се и „алатки и технологии кои се користат за откривање материјал за сексуална експлоатација на деца“.

Во февруари, комесарката Инман Грант побара од пет технолошки фирми – X, TikTok, Google (вклучувајќи YouTube), Discord и Twitch – да откријат какви чекори преземаат против ширењето на материјали за злоупотреба на деца на нивните платформи.

„Нивните одговори открија… вознемирувачки недостатоци и недоследности“, рече таа, додавајќи дека неуспесите на компанијата X се „посериозни“ од оние на другите компании.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *