26.10.2023 Скопје
Словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар денеска соопшти дека Словенија ги продолжува контролите на хрватската и унгарската граница за уште 20 дена.
Поклукар утринава ја посети словенечко-унгарската граница во градовите Пинца и Долга Вас. По тој повод најави дека контролата на словенечко-унгарската и словенечко-хрватската граница ќе биде продолжена за уште 20 дена.
Посочува дека тоа е неопходно поради контролата на влезот на илегални мигранти, од кои за неколку дена се регистрирани околу стотина, а уапсени се и неколку шверцери.
Потсетуваме дека Словенија од минатиот викенд повторно воведе контроли на границата со Хрватска. Станува збор за привремена мерка воведена поради зголемениот ризик од терористички напади по ескалацијата на војната на Блискиот исток и поголемиот прилив на илегални мигранти.
Не се задоволни од контролата на северот на Хрватска. Сметаат дека поради претстојните празници повторно ќе има гужви на фреквентните гранични премини.
Подготвено од А.Ѓ.