19.10.2023 Скопје
Словенија ја подигна проценката на заканите од тероризам на средно ниво, што е трето од петте нивоа на опасност.
Словенечкото Собрание соопшти дека Комитетот на словенечкиот Парламент за надзор на разузнавачките и безбедносните служби на итна седница е информиран за оценката за безбеносната закана „во случај на можни антиизраелски протести во Словенија“, како и за активностите на контролираните служби во врска со ова.
Проценката на заканата во Словенија е подигната од второ ниво, или ниска опасност, на трето ниво или средна опасност, по неодамнешните настани на Блискиот Исток.
Меѓуресорската работна група за борба против тероризмот во Словенија, која користи модел на пет нивоа, во описот за средното /жолто/ ниво наведува дека „напад е многу веројатен или очекуван“.
На средбата во парламентот присуствуваа директорот на Словенечката агенција за разузнавање и безбедност, Јошко Кадивник, генералниот директор на полицијата Сенад Јушиќ и помошникот директор на Управата за криминалистичка полиција, кои дадоа објаснувања и одговараа на прашањата на членовите на Комисијата во текот на расправата.
За утре во 17 часот на Трг Република во Љубљана е најавен митинг за поддршка на палестинската власт.
И Австрија го подигна нивото на терористичка опасност на четврто /портокалово/ ниво и донесе одлука во наредниот период речиси 200 војници да излезат на улиците, пред се во Виена.
Австрискиот министерот за внатрешни работи Герхард Карнер објави дека нивото на предупредување е подигнато на второ највисоко ниво.
Тој изјави дека дополнителните, „специјално обучени сили“ на австриската армија ќе се користат „првенствено за заштита на еврејските институции“.
Подготвено од А.Ѓ.