kristerson shvedska

17.10.2023 Скопје

Шведскиот премиер Улф Кристерсон ги повика Швеѓаните во Белгија да бидат внимателни и да ги следат упатствата на белгиските власти, откако во понеделникот во Брисел беа убиени двајца Швеѓани.

„Сите Швеѓани во Белгија ќе добијат порака на телефонот во која се повикуваат да бидат внимателни и да ги следат упатствата на белгиските власти“, рече Кристерсон.

Шведскиот министер за правда Гунар Стромер истакна дека шведската влада е во контакт со белгиските власти со цел да добие што повеќе информации.

„Вечерва добивме страшни вести од Брисел. Владината канцеларија и властите интензивно работат на добивање повеќе информации за тоа што се случило“, изјави Стромер вчеравечер.

Двајца шведски државјани беа убиени во Брисел неколку часа пред почетокот на квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2024 меѓу Белгија и Шведска, а уште едно лице е рането во нападот.

Насилникот се уште не е уапсен, а како што пренесуваат медиумите, тој наводно се симнал од моторот и пукал од автоматско оружје, а потоа побегнал. На социјалните мрежи беше објавено видео на кое маж, најверојатно сторителот, вели дека се вика Абдесалем Ал Гуилани и дека се бори за Алах.

Подготвено од Д.Ц.

About Author