ISLAMSKI DZIHAD

19.10.2023 Скопје

Исламскиот џихад, палестинската милитантна група која е во сојуз со Хамас и за која се верува дека била вмешана во нападите врз Израел на 7 октомври од Газа, синоќа ги негираше израелските обвинувања дека стои зад нападот врз болницата во Газа каде, според Хамас, стотици луѓе имаат умрено.

Израел и Палестина меѓусебно се обвинуваат за бомбардирањето на арапската болница Ал Ахли во градот Газа вечерта на 17 октомври, а Израел директно го обвини Исламскиот џихад, велејќи дека неуспешната ракета на групата ја погодила болницата.

Од друга страна, „Исламски џихад“ ги негира овие наводи и тврди дека тие во тоа време не спроведувале никакви активности околу градот Газа.

Групата Исламски џихад е основанa кон крајот на 1970-тите од Фати Шикаки и Абдел Азиз Одех, а групата доби поддршка меѓу Палестинците разочарани од Палестинската ослободителна организација (ПЛО) на Јасер Арафат.

Шикаки е убиен во 1995 година на Малта, а се шпекулира дека е убиен од израелски агенти.

Групата вети дека ќе го уништи Израел и ќе го замени со исламска држава која ја опфаќа Палестина пред 1948 година, вклучувајќи го Западниот Брег и Газа, кои Израел ги зазеде во војната на Блискиот Исток во 1967 година.

Финансирани и обучен иод Иран (Израел проценува десетици милијарди долари годишно), групата Исламски џихад има штабови во Бејрут и Дамаск и се распространети низ Западниот Брег, додека до неодамна тие беа релативно ограничени на Газа.

Исламскиот џихад ја има втората по големина вооружена мрежа во Газа, по милитантната група Хамас, која е на власт во енклавата.

Тешко е да се дојде до неодамнешните податоци за силата на Исламскиот џихад, со проценки за 2021 година кои се движат од околу 1.000 до неколку илјади вооружени мажи, според ЦИА. Групата има и значаен арсенал на ракети, минофрлачи и противтенковски ракети.

За разлика од Хамас, Исламскиот џихад не учествуваше на палестинските парламентарни избори и се чини дека нема амбиции да формира влада во Газа или на Западниот Брег.

Групата Исламски џихад е прогласена за терористичка група од Израел, САД и европските земји.

Подготвено од Д.Ц.

About Author