https://www.facebook.com/olafscholz/photos/10159990788329311

19.10.2023 Скопје

Германскиот канцелар Олаф Шолц остро го критикуваше рускиот претседател дека жали за судбината на цивилите во конфликтот меѓу Израел и Хамас додека неговата војска војува во Украина.

Рускиот претседател предупреди дека очекуваната копнена офанзива ќе доведе до „апсолутно неприфатливи“ цивилни жртви. Тој, исто така, го опиша смртоносниот напад врз болницата во Газа претходно оваа недела како „трагедија“.

Шолц пред германскиот парламент рече: „Ме прави повеќе од бесен кога го слушам рускиот претседател како упорно предупредува дека може да има цивилни жртви во вооружен конфликт. Неговите изјави не можат да бидат поцинични“.

Подготвено од Д.Ц.

About Author