severna koreja

07.10.2023 Скопје

Кога ќе се спомене Северна Кореја, првото нешто што веројатно ни паѓа на ум е диктатура и контрола на граѓаните на секое ниво, изолација од светот, воено оружје…

Многумина пишувале и пишуваат за оваа азиска земја, која важи за една од најспецифичните во светот, која ретко кога има добри односи со некого.

Ниту со најблиските соседи, Јужна Кореја, со која има воена историја, а меѓу двете Кореи и сега не недостига нетрпеливост.

Веројатно сте прочитале или гледале многу работи за Северна Кореја, а подолу се само неколку факти за оваа земја кои можеби не сте ги знаеле.

1. Претседател на Северна Кореја во моментов е Ким Џонг-Ун, а на граѓаните им е забрането да имаат такво име.

2. Во Северна Кореја, верувале или не, сега е 112-та година. Тоа е затоа што времето го сметаат од раѓањето на претседателот Ким Ил Сунг.

3. На жителите на Северна Кореја не им е дозволено да ја напуштат земјата додека владата не им го дозволи тоа.

4. Граѓаните кои живеат во оваа земја не смеат ниту да имаат фризура каква што сакаат. Имено, тие можат да имаат само една од 28-те одобрени фризури (10 за мажи и 28 за жени).

5. Доколку некој граѓанин извршил кривично дело во Северна Кореја, според тамошните закони, се казнуваат дури три генерации од неговото семејство.

6. Севернокорејците се ограничени и кога е работата во прашање. Имено, на секој од нив државата му доделува работно место.

7. Интернетот не е достапен за граѓаните, освен затворената државна мрежа. Затоа тие главно не знаат што се случува во светот. До каде оди ова, може да се разјасни преку банален пример. Фудбалската репрезентација на Северна Кореја учествуваше на Светското првенство во 2010 година, кое се одржа во Јужна Африка. Тогаш беа во група со петкратниот светски првак, селекцијата на Бразил, а она што е интересно е што на граѓаните на Северна Кореја на националната телевизија им беше кажано дека нивниот тим го освоил шампионатот, победувајќи го Бразил во финалето со 1-0. Во тоа време, клип од голот на севернокорејската фудбалска репрезентација против Бразил беше пуштен на националната телевизија, но делови од него беа исечени кога Бразилците постигнаа два гола за победа на натпреварот.

8. Марихуаната е легална и не се квалификува како дрога.

9. Забрането е носење фармерки, како и слушање странска музика и гледање странски филмови.

10. Северна Кореја е на самиот врв на земјите по бројот на егзекуции. Можете да заработите ваков вид на казна дури и за правење едноставен меѓународен повик.

11. Доколку не сте знаеле, Северна Кореја повеќе не е комунистичка земја. Од 2009 година официјалната идеологија се нарекува „Juche“ што значи – воена на прво место или самоодржливост. Тоа го поткрепува и тоа што најмногу пари се издвојуваат за армијата, а секој петти е војник.

12. Во земјата има бројни кампови. Повеќето од нив се за политички криминал, а доколку некој политичар биде осуден на оваа казна, во кампот оди и неговото семејство.

13. И покрај ваквите зачудувачки факти, Северна Кореја може да се пофали со фактот дека повеќе од 98 отсто од граѓаните знаат да читаат и пишуваат, а тоа го знае секој граѓанин на возраст над 15 години.

14. Десетици илјади туристи ја посетуваат оваа земја секоја година.

15. Од август 2015 година, Северна Кореја живее во своја временска зона.

16. Во главниот град Пјонгјанг се наоѓа најголемиот стадион во светот, кој може да прими околу 150.000 посетители.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author