31.10.2023 Скопје
Односот на Русија кон Блискиот Исток никогаш не бил заснован на сопствени интереси или со двојни стандарди, а клучот за решавање на проблемот е создавањето на палестинска држава, изјави рускиот претседател.
„Во нашите пристапи кон ситуацијата на Блискиот Исток, за разлика од Западот, никогаш немало личен интерес, интриги или двојни стандарди. Отворено го искажавме и го соопштивме нашиот став, кој не е променет“, нагласи рускиот претседател на средбата во врска со настани во Дагестан.
Според него, клучот за решавање на конфликтот е создавање на суверена и независна палестинска држава.
Неколку стотици луѓе доцна синоќа се собраа на аеродромот во Махачкала на митинг против палестинско-израелскиот конфликт. Голем дел од нив подоцна влегле во аеродромскиот комплекс поради пристигнувањето на редовен лет од Тел Авив.
По одговорот на безбедносните сили, толпата го напушти аеродромот. Според последните податоци, повредени се повеќе од 20 лица, меѓу кои и припадници на полицијата.
Уапсени се 60 демонстранти.
Подготвено од М.Д.