09.10.2023 Скопје
Дополнителен број романски војници пристигнаа на Косово и Метохија како дел од КФОР.
Романското Министерство за одбрана претходно најави дека ќе испрати дополнителни 200 војници во пешадиската чета во мировната мисија на Балканот.
Пред три дена 200 британски војници како дел од КФОР пристигнаа на Косово и Метохија.
Тие се приклучија на веќе постоечкиот британски контингент од 400 војници на барање на врховниот командант на сојузничките сили Европа, Крис Каволи.
Подготвено од А.Ѓ.