renault

20.10.2023 Скопје

За девет месеци во 2023 година, Renault продаде 1.128.885 возила на глобално ниво, што е зголемување од 11 отсто во споредба со истиот период во 2022 година. Во Европа, францускиот производител е втор најпродаван бренд во 2023 година, со раст на продажбата од дури 22 проценти.

Според новите комерцијални резултати, Renault продал 1.128.885 патнички и лесни комерцијални возила ширум светот во периодот јануари-септември 2023 година, односно 11 отсто повеќе отколку во истиот период во 2022 година (1.013.310). Исто така, во третиот квартал од оваа година Французите продале 356.747 возила, што е исто така пораст од +11 отсто во однос на К3 лани.

Сепак, на најважниот – европскиот пазар, Renault забележа и сериозен раст на продажбата, за 22 отсто. Со продадени 726.938 автомобили, Renault стана втор најпродаван бренд во 2023 година.

Во сегментот Ц, Французите забележаа раст од 36 отсто од почетокот на годината со испорачани 190.535 возила. Austral и Arkana/Conquest се ѕвездите на Renault во овој сегмент. Првиот беше продаден во 60.305 примероци во првите девет месеци од 2023 година, а вториот во 59.542 примероци.

Французите постигнаа напредок и на пазарот на електрифицирани возила. Зголемувањето од 48 проценти во продажбата на хибридни возила придонесе за севкупно зголемување од 19 проценти во продажбата на ЕВ, достигнувајќи вкупно 200.000 продадени единици.

Што се однесува до моделот со нулта емисија, електричниот Megane E-Tech собра повеќе од 35.000 испораки. Тоа е околу 54 отсто од вкупниот број продадени електрични возила (64.854 единици). На Стариот континент, електричниот Megane E-Tech претставува 2,2 отсто од пазарот на електрични возила. Новиот електричен Scenic E-Tech ќе придонесе и со продажба во текот на 2024 година. Нарачките ќе се отвораат во Европа до крајот на 2023 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author