https://www.flickr.com/photos/astrographer/6050809524/in/photolist-adFYS9-B6mQ-6519N-sP6wK-bjTaDa-63Riog-N4LJHA-5SmgNJ-LBm4W6-9MHmH8-83iyD2-37wSaX-A5J5L7-8TY7C-7KvoSg-77rCyB-2aVHWWu-JoSwYM-923QXp-bceF5Z-fXESV-dNFdqc-56RQx-byqLHY-4dhM74-awB8Z5-4ZunwP-4ageFT-pcXpix-48UqQB-MiDXcs-njDrDH-7z6dvQ-58u1FA-pLmcc-cTZUA-pufhN7-dknXQM-8eRZXq-psdvrg-bVNUEC-M2zEJ-dbs7oF-9utvbs-5PW5pj-7ZBf8m-35CBPj-yCadx-ay7gpE-4zXRJ

03.10.2023 Скопје

Според податоците на Евростат, во земјите од Европската Унија се повеќе се резервираат сместувачки капацитети преку платформите за „резервација“. Така, туристите во вториот квартал од годинава резервирале околу 153 милиони ноќевања, што е за 15,8 отсто повеќе во споредба со истиот период лани, резервирајќи сместување преку платформите „Airbnb“, „Booking“, „Ekpedia Group“ или „TripAdvisor“.

Последните податоци на „Евростат“ покажуваат дека платформскиот туризам е во пораст и секој месец се зголемува, па така во април годинава имало 46,7 милиони ноќевања во сместување резервирани преку онлајн платформи, што е раст од 19,5 отсто во однос на април лани.

Бројот на ноќевањата во мај изнесува 47,6 милиони (за 22,6 отсто повеќе во однос на мај лани), додека во јуни изнесува 58,7 милиони, што е зголемување за 8,4 отсто во однос на истиот месец лани.

Во првата половина на 2023 година, гостите имаа околу 237 милиони ноќевања во земјите од Европската унија, со резервации преку онлајн платформи.

Ова е значително зголемување од 18,8 отсто во однос на 2022 година кога имало 199 милиони ноќевања, додека пред пандемијата во 2019 година имало 193 милиони ноќевања во земјите на ЕУ, што е 22,6 отсто во однос на првата половина од годината пред пандемијата.

Податоците на Евростат покажуваат дека добро познатите места за одмор на крајбрежјето се популарни во текот на целата година, додека во зимските месеци најпопуларни туристички региони преку платформата за „резервации“ во првиот квартал од оваа година беа Рона-Алпи во Франција (5,2 милиони ноќевања) и шпанските региони на Канарските острови (пет милиони) и Андалузија (4,3 милиони).

Во првите 20 топ региони, Франција и Шпанија имаа пет најпопуларни дестинации, Италија и Португалија три, Австрија две, додека Полска и Унгарија по една.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author