https://www.flickr.com/photos/johngmagee/282498839/in/photolist-qXT4D-9wygZY-3jpM5-9J77aF-7JWXVE-5fpaLv-5WiDX1-c6yLTf-678iB3-cAa32U-76y34j-35Efb-UWSAFV-4DEnc8-9uqbr5-5thpP8-qrA2ki-4Urgt-s9uCj-8svUxg-6dYiEa-2c5CTg-4xSvWw-51i92w-9ysiKx-akmWcv-8hvhjt-4B6Wfa-9tLNc9-5h39J-4fJMnN-2DfoYJ-2MWkJ3-yCdEQ-asQGA7-4aVnsX-783cH8-hbw4nE-7pcy74-5thpF8-xdZ6nA-pvzVs3-4LmgzQ-99pjd9-eZoL-6kb7tc-LDki4-vQu4k-962fnW-4DHDou

09.10.2023 Скопје

Ветеринарната клиника „Zoo-vet“ во Пале изјави дека на три имоти во населбата Подграб во Пале е регистрирана африканска свинска чума, кои се први случаи на оваа животинска болест во регионот на Сараево-Романија.

Од Ветеринарната клиника велат дека заболените, но и угинатите потекнуваат од подрачјето на Зворник.

„Животните се донесени во нашето подрачје без пропишана ветеринарна документација“, додаваат од Ветеринарната клиника.

Болеста е потврдена во Ветеринарниот институт „Д-р Васо Бутозан“ во Бања Лука, а веднаш по нејзиното откривање преземени се мерки согласно правилникот за рано откривање, дијагностицирање, спречување на ширење, сузбивање и искоренување на африканската свинска чума.

Од Ветеринарната амбуланта „Zoo-vet“ во Пале, апелираат до населението, со цел сузбивање на оваа многу опасна заразна болест, да не купуваат свињи без потврда за здравствената состојба на животното.

Досега во Босна и Херцеговина се еутаназирани 48.000 свињи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author