13.10.2023 Скопје
Вуковарско-сремската полиција соопшти дека на брегот и во водата на реката Сава кај Штитар во округот, пронајдени се 11 тромбонски мини, кои се уништени со контролирана експлозија на местото на откривањето.
Случаен минувач ја има известено полицијата за тромбонските мини на брегот на реката Сава и во областа Полоја во Штитар.
Полицијата ги повикува граѓаните кои се уште некаде во своите куќи чуваат или кријат нелегално оружје или експлозивни направи да го направат првиот чекор кон доброволно предавање на оружјето без санкции со јавување на бројот 192.
„Важно е граѓаните сами да не носат оружје и експлозиви, туку да ја пријават својата намера доброволно да се предадат на бројот 192 и да чекаат да пристигне обучени полицајци, кои ќе дојдат на договореното место и ќе ги собираат и уништуваат опасните материјали на безбеден начин“, велат од полицијата.
Подготвено од А.Ѓ.