Image by frimufilms on Freepik

06.10.2023 Скопје

Романскиот премиер Марсел Чиолаку истакна дека јавниот дефицит на Романија ќе се намали под 5,5 отсто од БДП оваа година, од 6,2 отсто од БДП во 2022 година, што ги исполнува минималните очекувања на Европската комисија.

„Фискалниот пакет промовиран од Владата ќе биде комплетиран со фискалните реформи ветени во рамките на националната имплементација на шемата за отпорност“, додаде тој.

Наведените реформи главно се фокусираат на пензискиот систем и структурните реформи во буџетскиот сектор.

Чиолаку објасни дека фискалната консолидација е компромис чија цел е да се спречи загубата на европските фондови (во случај на фискално пропаѓање) и да се „одржи економијата во живот“.

Тој рече дека Владата можеше да го постигне ветениот дефицит од 4,4% од БДП, но со големо (сеуште неименувано) влијание врз економијата – најверојатно побавен раст.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author