20.10.2023 Скопје
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека израелската влада не треба да биде заслепена од гнев, нагласувајќи дека САД ги отфрлаат сите форми на омраза.
„Затоа, ја предупредувам владата на Израел да не биде заслепена од гнев“, рече Бајден во обраќањето до нацијата.
Тој додаде дека Американците не смеат да заборават кои се и фактот дека САД се против омразата.
„Ние ги отфрламе сите форми на омраза, без разлика дали се против муслиманите, Евреите или кој било. Тоа го прават големите нации, а ние сме голема нација“, рече Бајден.
Според него, светот не може да се откаже од решението на израелско-палестинскиот конфликт што подразбира две држави.
„Не можеме да се откажеме од решението со две држави. Израел и Палестинците подеднакво заслужуваат да живеат во безбедност, достоинство и мир“, рече Бајден.
Подготвено од А.Ѓ.