banjska

25.10.2023 Скопје

Заменик-директорот на таканаречената косовска полиција за северниот регион, Ветон Ељшани денеска изјави дека во тек се претреси на неколку локации на северот на Косово и Метохија, во врска со настаните во Бањска на 24 септември.

Неколку полициски возила и возила на ЕУЛЕКС утринава биле стационирани на улицата Колашинска во Косовска Митровица, пред станбена зграда недалеку од подружницата на Фондот на ПИО.

Ељшани рече дека се работи за претрес во врска со „случајот Бањска“ и не прецизираше на кои други локации се претресува.

„Засега нема апсења“, додаде Ељшани.

Подготвено од М.Д.

About Author