bpa hemikalija

05.10.2023 Скоје

Бисфенол А (БПА) е синтетичка хемикалија која се користи во безброј производи: од конзервирана храна до шишиња со вода, дури и во цевките за вода.

Всушност, БПА порано беше средство за правење шишиња за бебиња сè додека не беше забрането во САД, Канада, Австралија и Европа пред неколку децении. Сепак, сè уште се појавува во пакувањето на храната во многу земји.

Изненадувачки е што европското население е премногу изложено на тоа, како што покажува студијата објавена од Агенцијата за животна средина на ЕУ на 14 септември 2023 година.

Во текот на студијата, нивоата на бисфенол А, С и Ф беа измерени во урината на 2.756 луѓе во 11 земји помеѓу 2014 и 2020 година.

„Благодарение на револуционерниот истражувачки проект на ЕУ за човечки биомониторинг, можеме да видиме дека бисфенолот А (БПА) претставува многу поголем ризик за нашето здравје отколку што претходно се мислеше“, истакна Лиена Ила-Мононен, директорка на Агенцијата за животна средина со седиште во Копенхаген.

„Ние треба сериозно да ги сфатиме резултатите од ова истражување и да преземеме повеќе активности на ниво на ЕУ за да ја ограничиме изложеноста на хемикалии кои претставуваат ризик за здравјето на Европејците“, продолжи Лина Ила-Мононен.

Според Агенцијата за животна средина, дури и во мали дози хемикалијата може да го ослабне имунолошкиот систем. Може да се јави и неплодност и алергиски реакции на кожата.

Студијата ги мери нивоата на БПА кај возрасни од 11 земји: Данска, Германија, Франција, Финска, Исланд, Хрватска, Луксембург, Полска, Португалија, Швајцарија и Чешка.

Процентот на луѓе за кои е утврдено дека имаат нивоа над препорачаното максимално ниво е помеѓу 71 и 100 проценти во тестираните земји.

Во Швајцарија нивоата беа најниски, каде што ги надминаа новите максимални препорачани нивоа кај 71% од испитуваните луѓе.

Франција беше единствената земја во Европа која целосно го забрани бисфенол А во материјалите што доаѓаат во контакт со храната во 2015 година.

Изненадувачки, студијата покажа дека учесниците од Франција, исто така, имале значително повисоки нивоа на БПА отколку што се сметаат за безбедни.

Во Франција, Луксембург и Португалија нивоата на БПА беа надминати кај 100% од населението. Во глобализираниот свет, забраните од поединечни земји навистина не помагаат.

И покрај предупредувањето за нивоата на БПА, треба да се забележи дека има одредени несогласувања во однос на тоа што се смета за прифатливо дневно ниво на БПА што може да се конзумира во текот на животот без да претставува ризик за луѓето.

Европската агенција за лекови, субјектот одговорен за одобрување лекови во Европа, ги оспори новите максимални препорачани нивоа на Европската агенција за храна и безбедност. ЕМА вели дека „причинска врска не е докажана во студија кај животни или луѓе“.

Сепак, Европската агенција за животна средина го брани своето предупредување во врска со човечката изложеност на БПА, велејќи дека „тоа е многу над прифатливото ниво на здравствена безбедност, според ажурираните податоци од истражувањето“.

На оние што живеат во Соединетите Држави може да им биде полошо во однос на изложеноста на БПА. Студијата направена во 2022 година од Европската управа за безбедност и храна покажа дека „просечниот Американец е изложен на нивоа на опасното соединение кое е 5.000 пати поголемо од она што Европската унија сега го смета за безбедно“.

Со сегашните податоци и даденото предупредување, би се претпоставило дека наскоро доаѓа забрана за цела Европа. Затоа што се може без БПА, како што покажа Јапонија, каде што конзервираната храна без БПА е достапна повеќе од 20 години.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author