uapseni

03.10.2023 Скопје

Турскиот министер за надворешни работи Али Јерликаја соопшти дека припадниците на турските безбедносни сили приведоа повеќе од 900 лица осомничени за вмешаност во терористички активности, како дел од големата операција наречена „Херои“.

Во изјавата на министерот се наведува дека во рамките на операцијата „Херои“, која се спроведува во 64 провинции, приведени се 928 лица, а запленети се 744 парчиња нерегистрирано оружје.

Во последните 24 часа во Турција се приведени 110 лица кои се сметаат за членови на Курдистанската работничка партија (ПКК).

Акциите се спроведуваат по терористичкиот напад во близина на зградата на турското Министерство за внатрешни работи, кој во неделата го извршија припадници на ПКК.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author