25.10.2023 Скопје
Епидемиологот на Хрватскиот завод за јавно здравје (ХЗЈЗ), Горанка Петровиќ, денеска изјави дека во Хрватска официјално се потврдени 114 случаи на голема кашлица, дека околу петнаесет се сомнителни, а најмногу, како што вели, се од Сплитско-Далматинската Жупанија, околу седумдесет, додека во Загреб 17.
„Вакцинирањето (против голема кашлица) на ниво на Хрватска е 93 отсто, но имаме жупании каде што е под 90 отсто, како што се Сплитско-Далматинската и Приморско-горанската, но и жупанија како Дубровничко-Неретва и Пожега-Славноска каде е и под 80 проценти“, рече Петровиќ.
Имаме, вели, еден резервоар на голема кашлица, која ја има кај училишните деца и постарите лица, а која, како што вели, обично е само досадна кашлица, која, сепак, се шири кај чувствителните луѓе.
Во случај да се открие голема кашлица во училиште, сите пациенти мора да бидат изолирани, како и нивните блиски контакти и им се даваат антибиотици, а тоа се применува во три училишта во Загреб.
„Ситуацијата во Загреб е подобра отколку во Сплит бидејќи училишните деца се болни, додека во Сплит бројот на заболени е поголем кај најмладите“, рече Петровиќ.
Подготвено од М.Д.