02.10.2023 Скопје
Шефот на покраинската влада Мохсин Накви соопшти дека полицијата во пакистанската провинција Пенџаб откри голема трговија со органи: нелегално вадење на бубрези е извршено од 328 луѓе во корист на богати пациенти.
Накви истакна дека главниот осомничен, идентификуван како Фавад Мухтар, е уапсен заедно со други членови на неговата организација.
Човекот, кој во минатото веќе бил апсен пет пати, ги признал 328-те операции, но случаите би можеле да бидат уште побројни. Бандата дејствувала во различни области на покраината (Лахоре, Таксила) и територијата на пакистанскиот Кашмир (Азад Џаму и Кашмир).
За трансплантација на бубрег биле побарани исплати од три милиони рупии од локални пациенти и десет милиони рупии од странски пациенти (од приближно десет до 33 илјади евра).
Подготвено од А.Ѓ.