10.10.2023 Скопје
Од денеска сите видови горива поевтинуваат во Црна Гора за три до 11 центи, соопшти Министерството за капитални инвестиции.
Цените на Еуросупер 95 и 98 се намалени за 11 центи и во следните 15 дена ќе чинат 1,58 евра, односно 1,62 евра, додека цените на еуродизелот ќе бидат пониски за четири центи и ќе изнесуваат 1,61 евро.
Нафтата за греење поевтини за три центи и ќе чини 1,58 евра.
Последните промени на цените беа на 26 септември, кога сите видови горива поскапеа за три до седум центи.
Следната пресметка треба да биде на 25 октомври, додека евентуално изменетите вредности на нафтените деривати ќе важат од 26 октомври.
Подготвено од А.Ѓ.