petar petkovich srbija

12.10.2023 Скопје

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денеска изјави дека премиерот на привремените институции во Приштина, Албин Курти почнал да подготвува терен за нов терор и прогон на српскиот народ на северот на Косово и Метохија со брутална кампања на лаги и дезинформации.

„Сега е јасно дека ќе продолжи да користи неодржливи теории на заговор и измислени закани за да ја засили уште повеќе репресијата врз Србите во наредниот период“, рече Петковиќ и додаде дека окупаторите секогаш се обидувале да се претстават како заштитници на поробените.

„Сепак, тактиката на Курти „да ве окупира за свое добро“ нема да му оди добро на српскиот народ на Косово и Метохија, кој одамна ги прогледа намерите на Приштина и секојдневно ги чувствува последиците од теророт на Курти на своја кожа“, додаде тој.

„Единствениот извор на сите проблеми на Косово и Метохија е Курти и неговата криминална параполиција, кои сеат терор и страв меѓу мирниот српски народ на северот на покраината“, рече Петковиќ.

Според него, затоа единствениот начин да се изгради мир и да се намалат тензиите е преку неопходната деескалација што Приштина мора да ја спроведе и веднаш да ги повлече полициските фаланги од северот на покраината, да престане со секојдневните апсења на невините Срби и секое друго угнетување.

„Курти нема доброволно да се согласи на какво било повлекување, бидејќи неговата цел не е ниту дијалог, ниту нормализација, туку суштинска промена на ситуацијата на теренот, преку перфидно етничко чистење, под превезот на грижата за безбедноста на северот на Косово и Метохија. Затоа е неопходно влијателните меѓународни актери на „Косово и Метохија да ја погледнат реалноста во очи и да го запрат проектот на Курти“, рече Петковиќ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author