12.10.2023 Скопје
Со цел јавно да ги изразат барањата за повисоки пензии, тетовските пензионери го блокираат влезот во градот.
Тетовските пензионери од 9 часот утринава се собраа на крстосницата на булеварите „Маршал Тито“ и „Видое Смилевски-Бато“ и го блокираа сообраќајот повеќе од половина час. Воедно, тие носеа и транспаренти на кои беа испишани барањата за минимална пензија од 20 илјади денари и линеарно зголемување од 5000 денари.
„Владата не запоставува. Не не ни качува нашите пензии, за нивните 78% има пари. Сега најавуваат и по 400 евра дополнително да зголемат плати. Имаат провизии, апанажи, гориво без пари. А нас пензионерите не понижуваат. До кога вака со 12 илјади денари пензија. Ни за лекови, нема за храна. Доаѓа зимата нема за греење, струја треба да плаќаме“, истакна еден од пензионерите.
„Плаќам седум илјади за лекови, а земам 16.300 денари пензија, дали треба струја, дали треба храна, облека, ни дрвце немам за греење. Не сме задоволни од зголемување од сегашното 5,3%. Скапотија е голема, не може да се купува храната“, истакна пензионерка.
Пензионерите најавија дека во вторник 17 октомври повторно ќе имаат јавен протест и ќе го блокираат истото место.
Подготвено од М.Д.