https://www.flickr.com/photos/workflo81/6835091887/in/photolist-bpZCFR-5Su9JM-QyLz3n-8K4zy-2kovvCd-2kouT7G-2kouT8U-2kouSHL-2kor3Qu-2kovvxy-2kor47r-2kouT2S-2kouSVe-2kor3U7-2fMnTKg-2kor43U-2kor42b-2kovvk9-2kor3Yq-2kovvsJ-2kouSR6-2kovvm1-2kouT4F-2kor3N5-2kouT19-2kouSWG-2kouT8t-2kovvuC-2kouSR1-2kouSQp-2kor43P-2kouT64-2kor3My-2kouT7g-2kovvs8-2kouT3i-2kouSVV-2kouSMo-2kouSNa-tyYpLw-qFUfKw-asWryK-asVPE4-5ykLj-XHvikb-2hTkobq-rffTaL-asWrvc-2nvdia8-joZu7h

31.10.2023 Скопје

Денес на прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, соопшти дека сметките за парно греење за потрошувачите во Градот Скопје ќе бидат поголеми за 4,51 отсто почнувајќи од 1 ноември годинава.

Станува збор за потрошувачите кои што се приклучени на системот на ЕСМ, додека оние на популарното „Железарско“ парно и од Скопје Север, ќе добиваат нешто помали сметки од досега.

„За најголемиот систем во Градот Скопје од кој што се снабдуваат околу 57-58 илјади потрошувачи цената на топлинската енергија се зголемува за 4,51 отсто. Тоа на сметка од 1.000 денари значи зголемување од 45 денари, а поконкретно за една просечна сметка од 1.800 денари, колку што е во Скопје, зголемувањето е 80 денари“, рече Бислимоски.

Бислимоски истакна дека како што кажуваа од РКЕ во изминатиот период, одлуката за цените не се носеше сѐ додека регулаторите не добија цврсто уверување дека ќе започне поставувањето на цевководот на мостот „Беласица“.

„Цената за топлината која што ја утврдивме и за ТЕ-ТО со оваа одлука е за повеќе од два пати пониска отколку што е цената во топланите во градот Скопје“, рече Бислимоски.

Тој објасни дека преточено во сметка, без ТЕ-ТО, зголемувањето би било некаде 60 проценти.

„Поради тоа инсистиравме што е можно повеќе да ја искористиме придобивката од ТЕ-ТО имајќи во предвид дека оваа топлинска енергија е повеќе од два пати поевтина отколку цената на топланите“, рече Бислимоски.

Според Бислимоски, носењето на најновата одлука за парното греење била исклучително тешко затоа што со неа требало да се врати назад позајмицата на Владата од 6 милиони евра дадена во јануари 2022 година. Бислимоски изрази благодарност до Владата затоа што се согласи со оваа одлука да не се вратат сите 6 милиони евра туку 35 проценти.

„Исто така при пресметка на факторот корекција кај ЕСМ дистрибуција, за да не предизвикуваме понатамошен ценовен шок, признаваме само 20 проценти од тој фактор. Во услови кога ќе има стабилизација на цените на гасот, сите овие пари постепено ќе се вратат назад кај компаниите“, рече Бислимоски.

Подготвено од М.Д.

About Author