bajden obvineie republikanci

20.10.2023 Скопје

Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас одби да разговара по телефон со американскиот претседател Џо Бајден за време на посетата на американскиот претседател на Израел во средата.

Повикувајќи се на неименуван палестински извор во Рамала, на Западниот Брег, каде што е седиштето на палестинските власти, ТВ Кан истакна дека администрацијата на Бајден се обидела да организира телефонски разговор меѓу двајцата лидери, но дека Абас го одбил барањето.

Сепак, тимовите на САД и на Палестинската управа останаа во контакт, иако Абас е многу лут поради американската поддршка за Израел во војната против палестинската милитантна група Хамас и исто така го откажа очекуваниот состанок со Бајден и арапските лидери на неодамнешниот самит во Јордан.

Подготвено од М.Д.

About Author