16.10.2023 Скопје
Во Хрватска во текот на вчерашниот ден пристигна најавената промена на времето, а сончевото време беше заменето со облаци, дожд и ветер.
Метеоролозите најавија дека снег може да падне и на највисоките места. Вака се случило на Платко, односно на врвот Радешево, според снимките од веб камерата.
Снег денеска падна и во Словенија каде ја побеле Кредарица која се наоѓа на 2.541 метар надморска височина.
ДХМЗ за денес најавува делумно, во централните и источните предели и претежно сончево време. До утро на југ се уште може да има малку дожд, а во внатрешноста можна е магла.
Кон крајот на денот на Јадранот ќе има зголемување на облачноста. Најниската утринска температура на воздухот во Хрватска од 2 до 7, на Јадранот од 11 до 16. Највисоката дневна температура претежно од 10 до 15, на Јадранот од 17 до 22 °C.
Подготвено од А.Ѓ.