https://www.flickr.com/photos/groovedan/8841223431/in/photolist-etgzGK-5kq2qj-2nX4qEV-fExft-2nX4rTw-2nX7fDJ-5kq1LY-S64zVG-Gp3PCQ-2nX5Rpv-7uwQhT-2nX5Tbw-kZK3f-2nX7eQe-2nX6PyR-5tDLhr-7RLxVT-g24TVV-2ngsgdc-qsqNiv-4hKCUQ-J4qkPv-2nX1RSA-fP6e5m-6NaSV8-5gsgX4-vbJUhk-5kq2wC-5kpZhQ-isrG5T-bgcLnF-jtFn8y-5kkKJc-4hFyBH-4hKDdf-7tpoBS-7SqXDh-4ruc8f-fACUYy-218QxyS-5imVQ6-fNNLXx-bm86MH-9MZp9R-22LXB2b-HCyuN6-cfEpSY-JpMf6o-J98cwE-crqXfN

30.10.2023 Скопје

Прелиминарните податоци на Централната банка (ЦБЦГ) покажуваат дека вкупниот прилив на странски директни инвестиции на крајот на август изнесува 569,61 милиони евра, а во исто време од Црна Гора излегле 283,55 милиони евра.

„Нето-приливот на странски директни инвестиции од јануари до август изнесува 286,06 милиони евра, што е за 49,4 отсто помалку во однос на истиот период лани“, се наведува во Билтенот на ЦБЦГ.

Вкупниот прилив на странски директни инвестиции е намален за 25,47 отсто во однос на компаративниот период, што е резултат на падот на инвестициите по основ на меѓукомпаниски долг и инвестиции во компании и банки, како и врз основа на повлекување инвестиции од странство.

Од земјава се одлеале 57,14 милиони евра по основ на инвестиции на резиденти во странство, а повлекувањата на средства од нерезиденти инвестирани во Црна Гора изнесуваат 226,41 милиони евра.

Приливот на странски директни инвестиции во форма на акционерски инвестиции изнесува 360,83 милиони евра, што е 63,35 отсто од вкупниот број. Од нив 296,81 милиони евра се инвестирани во недвижен имот, а 64,02 милиони евра во фирми и банки.

Приливот на СДИ во вид на меѓукомпаниски долг изнесува 179,41 милиони евра што е 31,5 отсто од вкупниот прилив.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author