04.10.2023 Скопје
Некои луѓе се убедени дека ќе бидат добро без разлика колку кафе ќе испијат, додека други мислат дека премногу кофеин им пречи. Едно истражување, кое проценило 40.000 возрасни, покажало дека пиењето повеќе од просечно четири шолји кафе дневно предизвикува некои несакани ефекти.
Чувство на вознемиреност
Просечна шолја кафе содржи 95 милиграми кофеин. Значи, ако пиете повеќе од четири шолји кафе, би консумирале околу 500 милиграми кофеин дневно. Една студија вели дека тешките корисници на кофеин може да доживеат високи нивоа на стрес, анксиозност, па дури и депресија. Студијата вели дека консумирањето повеќе од илјада милиграми кофеин неделно дури се покажало дека предизвикува висока анксиозност.
Лош сон
Редовното консумирање на големи количини кафе може да предизвика проблеми со спиењето. Иако редовното пиење кафе има многу здравствени придобивки, сведете го дневниот внес на кафе на минимум, особено наутро – тоа може да ви помогне да спиете подобро навечер.
Побрз пулс
Иако едно истражување покажа дека пиењето 100 милиграми кофеин на секој час до пет часа не предизвикува зголемување на отчукувањата на срцето, консумирањето поголеми количини може да предизвика промена на отчукувањата на срцето.
Треперење
Ако некогаш сте почувствувале нервоза после премногу шолји кафе – тоа може да се дефинира како предозирање со кофеин.
Замор
Природно е да ви треба кофеин кога се чувствувате уморни. Но, конзумирањето премногу кофеин всушност може да има негативен ефект, особено ако содржи додадени шеќери.
Подготвено од А.Ѓ.