https://www.flickr.com/photos/vladacg/50863087702/in/photolist-2kuABVY-2kuA6ay-Jhzf6p-2kuwrko-2kuA5Bj-2kuA6iK-2kuAC29-2ks3W98-2npsCxi-2ks7FQ8-2mQn8bm-2nd2QWY-2nku33G-2npsCvE-2npsCwr-2nptVGK-2npsPjL-2ncWFVc-2m1sXdm-2mQn77x-22ETZwy-2nptVyU-2npveNy-2gXy6YM-2ks3W8w-2npnoAS-2eqYyH5-2ks3W7e-2ks88ti-2ks3W81-2gXzdhB-bBz6Eh-2gXzdoZ-2kuxbX3-2kuALnw-2kuBkmy-2gXzYKW-2gXzYC1-2gXzdxG-2gXySeb-23Ms9gv-2gXzYT1-2gXy6uv-2gXyS6k-2hs191U-26yUShP-2gYhdUY-2gYhdXD-2bCPrw9-23Mtahg

16.10.2023 Скопје

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека е најдобро поранешниот македонски премиер Никола Груевски да биде во Република Северна Македонија, од безбедносен аспект, бидејќи станува збор за човек кој знае се за земјава, а е во рацете на друга држава.

Османи истакна дека од политички аспект, „има едно прашање кое знам дека ќе се злоупотреби, но од безбедносен аспект да имате премиер кој ви бил премиер 10 години и ги имал сите информации за државата, а е во друга држава, тоа и не е баш паметно за било која држава“.

„Најдобро е да е овде и да се справува со судските процеси што ги има. Тоа би било најдобро решение. Затоа ова го кажувам повеќе аналитички, но целата оваа фама околу некаква комуникација е тој психолошки страв што ние не го разбираме“, додаде министерот.

Изет Меџити, претседателот на Демократско движење, истакна дека за жал, се потврдуваат нивните сомнежи, кога јавно прашаа дали Бујар Османи го има посетено Груевски во Будимпешта и дали тоа го има направено приватно или службено.

„Иако лично мислев дека ДУИ во 2016 се раздели со режимот на Никола Груевски, Османи докажа дека тајно одржувале комуникација и си помагале и се докажа дека работат на враќање на Груевски. Затоа го сменија Кривичниот Законик, затоа зборуваат за законот за амнестија, само да биде во функција на враќање на Груевски. Дали се подготвуваат да го вратат во Скопје на 23 октомври, денот на ВМРО?“, прашуваат од Демократско движење.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author