17.10.2023 Скопје
Службите од Општина Аеродром во изминативе неколку дена затекнале оштетени повеќе детски игралишта, како и уништени спортско-рекреативни реквизити и урбана опрама.
Општина Аеродром најстрого го осудува овој вандалски чин и апелира до граѓаните да бидат совесни кон јавните површини. Воедно, оттаму бараат од надлежните државни институции со засилени активности да ги спречат појавите на вандализам во општината.
„Урбаната опрема, детските катчиња и спортски игралишта се наша заедничка сопственост и одговорноста за нивно одржување е на сите нас“, децидни се од локалната самоуправа.
Подготвено од Д.Ц.